Connect with us

Хроника

СВР Скопје санкционираше лице за фрлање отпад на јавно место во Општина Шуто Оризари

СВР Скопје санкционираше лице за фрлање отпад на јавно место, соопшти МВР. Станува збор за Е.А. (22) на кој му е издаден прекршочен платен налог согласно Законот за јавна чистота.

-Полициски службеници од Полициското одделение Шуто Оризари, при Секторот за внатрешни работи Скопје, вчера постапиле по претходна пријава за фрлање отпад на јавно место на улицата „Хаџи Јован Шишко“ во Скопје. При преземените мерки, полициските службеници утврдиле дека се работи за Е.А. (22) од Скопје, наведува Министерството.