Connect with us

Фудбал

Прволигашите без проблеми во куп натпреварите

На денешните седум натпревари од првото коло од Купот на Македонија прволигашите без проблеми ја минаа пречката. Брегалница, Скопје, Шкендија Арачиново и Башкими се прволигашите кои постигнаа победа и обезбедија пласман во следната рунда.

Резултати на денешните натпревари:

Коњаре – Башкими 0:5

Каменица Саса – Шкупи 1:0

Тетекс – Брегалница Штип 1:4

Детонит Плачковица – Шкендија Арачиново 1:3

Кожув – Скопје 0:1

Новаци – Охрид 1:0

Осогово – Беласица 1:3.

На претходно одиграните дуели: Победа Валандово – Струга Трим Лум 1:10, Студеничан – Пелистер 1:6, Венец – Брера 0:8, Влазними Јуниор – Македонија ЃП 0:14 и Овче Поле – Вардар 0:5.

Остануваат да се одиграат уште три дуели од првото елиминациско коло: Могила – Арсими (24.септември), Крошу Спорт – Тиквеш (6.октомври) и Вардар Неготино – Работнички (14.октомври).

Силекс како победник на натпреварувањето обезбеди директен пласман во осминафиналето.