Connect with us

Фудбал

Марсијал има нов европски клуб

Францускиот фудбалер Ентони Марсијал се враќа во европскиот фудбал. 30-годишниот играч треба да биде нов фудбалер на Малага, шпанскиот тим кој годинава се врати во Ла Лига. Марсијал во шпанската екипа треба да дојде како слободен играч откако му истече договорот со мексиканската екипа Монтереј.

Марсијал кариерата ја почна во Олимпик Лион, а потоа играше за Монако и Манчестер Јунајтед, каде беше член од 2015 до 2024 година. Во еден период како позајмен играч настапуваше во Ла Лига во Севиља, а го носеше и дресот на атински АЕК.

Во дресот на Манчестер Јунајтед одигра 209 натпревари и постигна 63 голови. За репрезентацијата на Франција одигра 30 натпревари и постигна два гола.

Во новата сезона во Ла Лига, Малага се наоѓа на 18. место на табелата со два нерешени резултати и два пораза и само еден постигнат гол на четири натпревари. Токму Марсијал треба да биде вистинско засилување во нападот.