Connect with us

Живот

Мртви ирваси ги збунија истражувачите на Свалбард

Откривањето на повеќе од десетина изумрени ирваси на архипелагот Свалбард ги збуни истражувачите, а причината за смртта сè уште е непозната, соопшти највисокиот претставник на овој норвешки архипелаг.

Вкупно 13 мртви животни – два мажјаци и 11 женки – беа откриени во две долини на архипелагот за време на пребројувањето на популацијата, пренесе ДПА.

– Исклучително е необично репродуктивно способни женки и возрасни мажјаци да умираат во лето – изјави највисокиот функционер на Свалбард. „Затоа ја замолуваме јавноста да пријави доколку пронајде неодамна умрени ирваси“, додаде тој.

Што ги убило животните останува целосно нејасно.

„Во јули, ветеринарите веќе извршија обдукција врз три неодамна угинати ирваси. Земени се бројни примероци, но причината за смртта засега е непозната“, се наведува во соопштението.

Свалбардскиот ирвас е подвид кој се наоѓа исклучиво на овој арктички архипелаг.