Фудбал
Официјално: Диоманде е нов играч на Реал Мадрид
Јан Диоманде е нов играч на Реал Мадрид, потврдија од „кралскиот клуб“. 19-годишниот фудбалер ќе го чини Реал Мадрид 125 милиони евра и дополнителни 10 како бонус, со уште пет како друг бонус. Вкупната вредност би изнесувала 140 милиони евра. Со оваа сума надмината е досегашната која Реал ја плати за Џуд Белингем.
За Диоманде кој досега беше член на Лајпциг, на почетокот на преодниот рок интерес имаше од ПСЖ, а во комбинација беше и Ливерпул. Како член на Лајпциг Диоманде постигна 12 голови со осум асистенции, а беше прогласен за најдобар млад играч во Бундес лигата.
Диоманде е вкупно шесто засилување за Реал Мадрид сезонава по: Марк Кукуреља, Бернардо Силва, Ибрахим Конате, Дензел Дамфрис и Карлос Еспи.
август 7, 2026
