Фудбал
Салах и официјално во Трабзон
По девет сезони минати во Ливерпул и одиграни 441 натпревар со 257 голови, Мохамед Салах како слободен играч ова лето направи трансфер во турската екипа Трабзон. Според турските медиуми тој годишно ќе заработува 22 милиони евра.
На доаѓањето во градот синоќа Салах беше пречекан од околу 25.000 навивачи на турскиот клуб.
Трабзон во еврокуповите ќе игра во плеј офот со победникот од дуелот меѓу Ференцварош и Горник.
Како играч на Ливерпул, Салах освои две титули во Премиер лигата и една во Лигата на шампионите, а претходно настапуваше за Ал Мокавлун, Базел, Челзи, Фиорентина и Рома
август 7, 2026
