Фудбал
Не e само Баркола од ПСЖ цел на Ливерпул
Премиерлигашот Ливерпул има за цел овој преоден рок да купува во редовите на европскиот првак ПСЖ. Бредли Баркола е еден од играчите за кои „црвените“ планираат да го донесат во своите редови.
Но, последните информации се дека Ливерпул има за цел да го ангажира и 18-годишниот Ибрахим Мбаје. Играчот е подготвен за евентуален трансфер и притоа очекува да добие и поголема минутажа.
Официјална понуда сè уште не пратена, но се поставува и прашање дали ПСЖ ќе биде подготвен да го продаде младиот играч. На Светското првенство Мбаје настапи за Сенегал, иако во младинските категории ги бранеше боите на Франција. Тој постигна и еден гол на Мундијалот и тоа на дуелот против Франција што Сенегал го загуби со 3:1.
август 6, 2026
