Фудбал
Фонсека: Разочарувачки не е само резултатот, туку и дефанзивната игра на Лион против Спарта
Тренерот на Лион, Пауло Фонсека, е разочаран од дефанзивната игра на својот тим во првиот натпревар од третото коло од квалификациите за Лигата на шампионите против Спарта Прага.
Чешкиот претставник го совлада францускиот тим со 2:1.
– Не е само резултатот разочарувачки, туку, пред сè, нашата одбранбена игра. Не го направивме она што го зацртавме, особено во првото полувреме. Спарта создаде многу шанси затоа што имавме проблеми во нашата одбранбена линија. Останувам убеден дека формацијата беше правилна. Проблемот не беше формацијата. Проблемот беше што не го извршивме добро она што требаше да го направиме. Почнавме подобро по паузата. Знаевме дека Спарта ќе мора да преземе повеќе ризици.
Продолжувањето во следната рунда ќе биде тешко, но не и невозможно. Ќе имаме шанса да го промениме исходот од натпреварот. Но, треба да се браниме подобро отколку што се браневме денес и да играме подобро со топката. Дома, со поддршка на нашите навивачи, можеме да играме подобро, изјави Фонсека за „Л’Екип“.
Реваншот ќе се одржи на 11 август, во Франција.
август 5, 2026
