Connect with us

Фудбал

Лајпциг го врати на голот Норвежанецот Ниланд

Бундеслигашот Лајпциг го врати денеска во своите редови голманот на норвешката репрезентација Орјан Ниланд, потпишувајќи договор до 2028 година.
Триесетипетгодишниот норвешки голман се враќа во Лајпциг, каде што настапуваше во сезоната 2022/23, без обесштетување, откако неговиот договор со Севиља истече на крајот на јуни.
Ниланд стана национален херој за време на историскиот пат на Норвешка до четвртфиналето на неодамнешното Светско првенство, одбранувајќи го ударот од белата точка на Бразилецот Бруно Гимараеш во драматичната победа од 2-1 во осминафиналето.
„Кога се појави можноста да се вратам во Лајпциг, не морав двапати да размислувам. Имам многу убави спомени од клубот и луѓето тука и навистина се радувам повторно да ги сретнам“, рече Ниланд.
Ниланд, кој има 76 настапи во дресот на норвешката репрезентација, претходно во кариерата играше за Молде, Инголштат, Астон Вила и Рединг.