Connect with us

Фудбал

Силва: Кога ја добив понудата од Реал, беше невозможно да се одбие

Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Бернардо Силва, призна дека не се двоумел ниту секунда кога ја добил понудата од мадридскиот клуб.

– Многу пати сум играл против Реал Мадрид и секој пат ја чувствував величината на клубот. Играњето на Сантијаго Бернабеу е нешто посебно, овој стадион е навистина импресивен. Кога ја добив понудата од Реал, беше невозможно да се одбие. Не се двоумев ниту секунда. Близината со семејството, близината со Португалија и споделувањето слична култура исто така играа улога. Но, можноста да се игра за најголемиот клуб во историјата на фудбалот, за што сведочат неговите трофеи, е вистинска привилегија. Многу сум среќен, изјави Силва за клупскиот сајт на Реал.

На 17 јуни, Реал Мадрид го објави потпишувањето на играчот од средниот ред Бернардо Силва, кој го напушти Манчестер аити како слободен трансфер.

На почетокот на летото, медиумите објавија интерес за 31-годишниот Португалец од Барселона и Атлетико Мадрид.