Фудбал
Ливерпул ја одреди цената за Гакпо
Премиерлигашот Тотенхем откако ланската сезона обезбеди опстанок во завршницата за новата сезона активно се засилува на повеќе позиции. Според британските медиуми, Тотенхем има за цел да го донесе во своите редови холандскиот репрезентативец и член на Ливерпул Коди Гакпо.
Фудбалерот е подготвен за нов предизвик во кариерата особено што е можно да го загуби статусот првотимец во клубот.
Но, конечниот збор за трансферот го има тимот од Енфилд, а според последните информации цената ќе биде 72 милиони фунти.
Ако остане оваа сума многу веројатно е Гакпо и во новата сезона да остане во таборот на „црвените“.
август 4, 2026
