Фудбал
Коло Муани во Јувентус
Италијанскиот фудбалски гигант Јувентус го објави доаѓањето на Рандал Коло Муани од ПСЖ, потпишувајќи договор со францускиот напаѓач до лето 2031 година.
Вредноста на трансферот изнесува 38 милиони евра.
Дваесетиседумгодишниот Муани се враќа во клубот за кој настапуваше како позајмен фудбалер половина сезона во текот на минатата пролет.
Во дресот на Јувентус постигна 10 голови на 22 натпревари, пред да ја помине минатата сезона на позајмица во премиерлигашот Тотенхем.
август 4, 2026
