Connect with us

Фудбал

Репрезентативецот на БиХ пристигна во Торино

Репрезентативецот на Босна и Херцеговина Керим Алајбеговиќ (18 години) пристигна во Торино и се упати на лекарски прегледи за официјализирање на трансфер во Јувентус. Доаѓањето на младиот фудбалер привлече големо внимание особено по неговите добри настапи во дресот на БиХ во бараж дуелите (пред сè со Италија) како и на Светското првенство, каде постигна и еден гол.

Заедно со него допатува и поранешниот играч на БиХ и Јувентус Миралем Пјаниќ.

Алајбеговиќ досега настапуваше во Бундес лигата во Баер Леверкузен, а во Јувентус очекуваат репрезентативецот на БиХ да биде вистинско засилување во новата сезона.