Connect with us

Општини

Започна меѓународната изложба на кучиња CACIB Маврово 2026

Со првите CAC и CACIB изложби на фудбалскиот стадион денес започна меѓународната кинолошка манифестација Маврово 2026. На дводневниот настан што го организира кинонолошкото друштво „Скардус“ од Гостивар, годинава се пријавени над 1500 кучиња.

Претседателот на друштвото и меѓунарден судија, Миле Алексоски искажа задоволство од покажаниот интерес на одгледувачите и сопствениците за годинешната едиција и посочи дека има кучиња од над 30 држави.

  • Во двата натпреварувачки денови во ринговите ќе продефилираат над сто раси. Годинава како специјал предвидовме специјална изложба на расата американски стафордски териер. Утревечер ќе биде финалето на кое ќе биде избран и најубавиот претставник на годинешната изложба и најуспешните кучиња по раси, рече за МИА, Алексоски.

На предвидените пет изложби, две национални, две меѓународни и една специјализирана изложба, (2xCAC, 2xCACIB и AST Specialty) кучињата ги оценуваат 15 кинолошки судии од Македонија, Чешка, Швајцарија, Босна и Херцеговина.

Изложбата се одржува по 13 пат и е дел од официјалниот календар на Кинолошкиот сојуз на Македонија, а меѓународните изложби е впишани во календарот на Светската кинолошка федерација, (FCI).

На брегот на Мавровското Eзеро, денеска имаше голем број посетители од земјава и странство.