Connect with us

Општини

Општина Битола обезбеди бесплатен автобуски превоз за Семакедонската средба во Трново

Општина Битола обезбеди бесплатен автобуски превоз за сите заинтересирани битолчани на традиционалната Семакедонска средба што утре ќе се одржи во потпелистерското село Трново.

Од Секторот за односи со јавност на Општина Битола соопштија дека бесплатен автобуски превоз до црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во село Трново ќе има од 9 часот на автобуските стојалишта во градот, како и во населените места Кукуречани, Горно Оризари, Бистрица и населбата Буковски ливади.

Враќањето од селото Трново е во 13 часот.