Connect with us

Општини

Охрид и Либражд ќе ја продлабочуваат прекуграничната соработка преку заеднички проекти

Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, денеска оствари работна средба со градоначалникот на албанската Општина Либражд, Мариглен Диша, на која се разговараше за продлабочување на соработката меѓу двете општини.

Во фокусот на разговорите биле можностите за реализација на заеднички проекти и искористување на средствата од ИПА III Програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Албанија 2021–2027.

Посебен акцент бил ставен на подготовката на заедничка проектна апликација за претстојниот повик од програмата, со цел унапредување на капацитетите за противпожарна заштита и подобрување на подготвеноста и одговорот при пожари на отворен простор.

– Во духот на добрата соработка, договоривме и моја возвратна посета на Либражд, каде што ќе биде потпишан меморандум за соработка меѓу двете општини –  напиша Пецаков на својот фејсбук-профил.