Промо
Награди за најдобрите идеи: НЈСК Холдинг распиша конкурс за редизајн на логото
НЈСК Холдинг слави 10 години! ![]()
Оваа година одбележуваме значаен јубилеј – 10 години успешно работење на НЈСК Холдинг. Во изминатата деценија, со посветеност, иновации и високи стандарди, изградивме компанија која претставува синоним за квалитет и професионалност.
НЈСК Холдинг е првата домашна лиценцирана компанија за одгледување канабис за медицински цели, прва е со добиена европска лиценца за производство на фармацевтски производи на база на канабиноиди, и е првиот македонски извозник на сув цвет од канабис. Нашата мисија е преку иновации и одговорен пристап да придонесеме кон развојот на оваа индустрија и да создадеме производи со највисок квалитет.
По повод нашиот јубилеј, сакаме заедно со вас да започнеме ново поглавје и затоа со големо задоволство го објавуваме Конкурсот за редизајн на логото на НЈСК Холдинг коешто ќе ја одбележи нашата 10 годишнина.
Ги покануваме сите креативци, графички дизајнери и љубители на дизајнот да ја претстават својата визија преку современ, препознатлив и автентичен визуелен идентитет кој ќе ги отсликува нашите вредности, нашата дејност и нашата визија за иднината.
За трите најдобри дизајни ќе бидат доделени награди!
Краен рок: 10 август 2026 година
Вашите предлози испратете ги на: konkurs@nyskholdings.com
Со нетрпение очекуваме да ја видиме вашата креативност. Можеби токму вашиот дизајн ќе биде дел од нашата приказна во годините што следуваат.
Ви посакуваме многу успех и инспирација! ![]()
НЈСК Холдинг
јули 31, 2026
