Фудбал
Челзи во Велбек гледа нов играч во нападот
Премиерлигашот Челзи стартувал преговори со Брајтон за ангажман на Дени Велбек пренесуваат англиските медиуми. Играчот има уште една година од договорот со Брајтон.
Новиот менаџер на Челзи, Чаби Алонсо во искусниот напаѓач гледа квалитетно решение како на теренот, така и во соблекувалната. Ова би значело менување на клупската политика на клубот, кој последните сезони купуваше пред сè млади играчи.
Велбек (35 години) ланската сезона за Брајтон одигра 37 натпревари можните 38 во Премиер лигата и беше стрелец на 13 голови што е негов најдобар ефект во кариерата во една сезона. Искусниот напаѓач има настапи и за Манчестер Јунајтед, Арсенал и Вотфорд, пред да биде член Брајтон каде пристигна во 2020 година и на 201 натпревар постигна 51 гол.
За англиската репрезентација од 2011 до 2018 година на 42 натпревара постигна 16 голови.
Инаку, на натпревари против Челзи во Премеир лигата има постигнато 19 голови.
јули 27, 2026
