Connect with us

Фудбал

Ќе биде ли Баркола ново скапо засилување за Ливерпул ?

Со завршувањето на Светското првенство се повеќе се интензивираат фудбалските трансфери пред почетокот на новата сезона. Премиерлигашот Ливерпул како цел го има францускиот репрезентативец Бредли Баркола, кој според француските медиуми одбил да го продолжи договорот со ПСЖ и сака трансфер.

Но, се очекува преговорите да бидат тешки бидејќи ПСЖ за Баркола, кој има уште две години од важечкиот договор ќе бара сума од 165 милиони евра, поради годините (23), потенцијалот и состојбата на пазарот. Од Ливерпул се надеваат на пониска сума. Интересно е што лани вредноста на Баркола беше околу 90 милиони евра.

Францускиот репрезентативец нема загарантирано место во почетниот состав на ПСЖ, а играчот според најавите добро ви се вклопил во играта на новиот менаџер на „црвените“ Андони Ираола.

Клубот од Енфилд лани за 145 милиони евра го купи Александер Исак од Њукасл.

Покрај Ливерпул за Баркола интерес има и од Арсенал, Баерн и Челзи, но клучниот збор ќе го има сепак ПСЖ.