Connect with us

Фудбал

Домаќините славеа на сите пет средби на отворањето на новата сезона во ПМФЛ

Пет победи на исто толку натпревари забележаа домашните екипи во почетното коло од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.

На денешните два дуела домашните екипи забележаа убедливи победи.

Најпрво Силекс го декласира Башкими со 6:0, а предмалку Шкендија Тетово го совлада Скопје со 3:0.

Бранителот на шампионскиот трофеј, екипата на Вардар вчера ја совлада Брегалница од Штип со 2:0, додека Струга со 3:0 ја порази Шкендија Арачиново.

Во петокот Тиквеш – Арсими 5:1.