Општини
Во изминатет шест месеци во „Систем 48“ граѓаните на Струмица најмногу пријавувале проблеми со уличното осветлување
Во изминатите шест месеци до операторите во општинскиот сервис за пријавување комунални проблеми „Ситем 48“ пристигнале вкупно 599 пријави, од кои решени и одговорени се 418 пријави, а останатите 181 се проследени до надлежните служби и се во процес на решавање, бидејќи за истите е потребно повеќе време од вообичаеното 48 часа, објавија од Општина Струмица.
Најголем број од пријавите во овој период се од областа на уличното осветлување 422, од областа на собирање смет-88, водовод и канализација-41, паркови и зеленило-24, улици, патишта и тротоари-8 и инспекциски служби-16.
Од „Систем 48“ апелираат до граѓаните да продолжат да ги користат неговите услуги со навремено пријавување на проблемите на бесплатните телефонски броеви 080014848 и 076484848, за да можат истите да бидат побрзо решени
јули 25, 2026
