Фудбал
Италија бара нов селектор, бил контактиран и Анчелоти
Новото раководство на Фудбалската федерација на Италија зборуваше за актуелната тема во италијанскиот фудбал, а тоа е името на новиот селектор. На состанокот беа присутни претседателот Џовани Малаго, техничкиот директор Паоло Малдини и Леонардо (прв соработник).
На прашањето дали Пеп Гвардиола ќе биде новиот селектор, Малдини истакна:
– Гвардиола? Не може да дадеме никакви новости, но сепак „препознавте“ една од нашите цели. Имавме разговор и со Анчелоти. Сметаме дека треба да почнеме со најдобрите на светот. Идеално е да имаме име оваа недела, но сепак најдобро е да сочекаме и да ја имаме личноста која ја посакуваме.
Гвардиола беше менаџер на Манчестер Сити до крајот на оваа сезона, додека Анчелоти е селектор на Бразил и има важечки договор.
Италија по елиминацијата во баражот од Босна и Херцеговина остана без пласман на Светското првенство второ во низа
јули 25, 2026
