Останати спортови
Вон е загрижена, заздравувањето се одвива споро
Легендата на алпското скијање Американката Линдзи Вон и натаму има здравствени проблеми и води голема борба по падот на олимпискиот спуст во Кортина д’Ампецо. Таа во интервју за магазинот „People“ искрено зборуваше дека одењето сè уште го има со проблеми и во одредени моменти е вознемирувачко.
– Мојот скочен зглоб и натаму е скршен и тоа ме вознемирува, изјави 41-годишната Вон.
Бројната армија фанови на Вон очекуваа враќање, но таа и по повеќе од пет месеци смета дека заздравувањето од повредите сè уште незавршено. Бројните повреди и од претходно го забавуваат процесот на заздравување.
Вон еден приод беше во инвалидска количка, а потоа се движеше со помош на штаки.
Американката истакна дека моментот кога повторно одела без помагала бил исклучително емотивен за неа. Во меѓувреме Вон почна со работа и во теретана.
Вон беше и меѓу познатите лица кои беа специјални гости на финалето на Светското првенство што се одржа во неделата во Њујорк.
јули 23, 2026


