Општини
После невремето во Кочани заседаваше кризниот штаб
По вчерашното невреме што го зафати Кочани, во просториите на Општина Кочани се одржа состанок на Кризниот штаб за заштита и спасување.
На состанокот биле разгледани и мапирани сите проблеми пријавени од граѓаните, а надлежните служби ги координираа досегашните активности на терен. Благодарение на нивната навремена интервенција, патиштата се проодни, а паднатите дрвја што предизвикуваа непроодност на повеќе улици се отстранети.
Денеска екипите ќе продолжат со работа на терен, со цел целосно санирање на последиците од невремето и нормализирање на состојбата во сите погодени подрачја.
Сите надлежни институции се меѓусебно координирани и ќе останат во постојана комуникација, со цел навремено преземање на сите потребни мерки и обезбедување безбедност за граѓаните, нагласуваат од Општина Кочани
јули 22, 2026


