Connect with us

Општини

Невреме со силен ветар и во Штип

Невреме со дожд и силен ветар го зафати и Штип. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов за МИА вели дека досега се пристигнат околу десет пријави од страна на граѓани за паднати дрвја, сообраќајни знаци и лимови од кровни конструкции.

Јорданов информира и дека екипите на штипските Јавни претпријатија и пожарникарите од ТППЕ-Штип се на терен и ги санираат штетите од невремето со дожд и силниот ветар. Пријави за паднати дрвја, како и на лимови од кровни конструкции има од повеќе населби и низ централното градско подрачје.

Ad
Ad