Connect with us

Култура

КУД „Дримкол“ го претстави македонскиот фолклор и традиција во Хрватска

Културно уметничкото друштво „Дримкол“ од Вевчани деновиве го претставува македонскиот фолклор и традиција во Хрватска во рамките на 60-тата јубилејна меѓународна смотра на фолклорот во Загреб. На Етно фестивалот во Бенковац, северна Далмација викендов ја освои и наградата за „Изворност“.

Друштвото, како што истакна претседателот, Тошо Чочороски настапило на култни места низ Загреб: на големата отворена сцена на Трг Бана Јелачича, на сцената во познатиот парк Зрињевац…, пред многубројна публика и преставници од цел свет.

– Оваа смотра во Загреб е урнек и пример како треба да се организира еден фестивал на фолклорот. Пример за сериозен и одговорен пристап на една држава кон своето нематеријално културно наследство, изјави Чочороски.

За наградата за „Изворност“, што КУД ,,Дримкол” ја доби на Етно фестивалот во Бенковац истакна дека е уште една потврда и признание за нивниот концепт, стил и политика на работа, но, и обврска да продолжат во истиов правец уште повеќе и уште подобро.

Учеството на 60-тата меѓународна смотра на фолклорот во Загреб е поддржано од Министерството за култура и туризам на Република Македонија

Ad
Ad