Кошарка
Леброн Џејмс го скрати изборот на нов клуб – во игра се четири клуба
НБА легендата Леброн Џејмс во новата сезона ќе настапува во нов клуб. По осум сезони минати во ЛА Лејкерс 41-годишниот кошаркар како што пренесуваат американските медиуми ќе избере еден од четирите клубови: Голден Стејт, Минесота, Мајами и Кливленд.
Џејмс е рекордер со 23 сезони и 1622 натпревари и 43.440 поени. Во својата кариера има освоено четири шампионски прстени, два со Мајами, а по еден со Кливленд и Лос Анџелес Лејкерс. Премин во Голден Стејт и Минесота би значело дека ќе облече дрес и на четврти клуб во НБА лигата.
Инаку, Леброн Џејмс ланската сезона ја заврши со 20,9 поени по натпревар; 7,2 асистенции и 6,1 скокови.
јули 15, 2026

