Фудбал
Вардар со шампионот на Финска во првото квалификациско коло од ЛШ
Македонскиот фудбалски првак Вардар во првото коло квалификациите од Лигата на шампионите ќе игра против шампионот на Финска КуПС. Тоа е епилогот од денешното извлекување на за стартот од квалификациите од ЛШ. Вардар првиот натпревар ќе го игра на домашен терен на 7 или 8.јули во Скопје, додека реваншот е во Финска и ќе се игра на 14 или 15.јули.
Најтрофејниот македонски клуб последен пат во квалификации од Лигата на шампионите настапуваше во 2017 година, кога стигна и до групната фаза од Лига Европа.
Финскиот првак КуПС е редовен учесник последните сезони во европските купови.
јуни 17, 2026


