Connect with us

Општини

Меѓународен младински кошаркарски турнир „Ohrid Hoops 2026“ од 15 до 18 јуни во Охрид

Единаесет екипи од Македонија, Албанија, Грција, Турција и Црна Гора ќе учествуваат на Меѓународниот младински кошаркарски турнир „Ohrid Hoops 2026“, што од 15 до 18 јуни ќе се одржува во Охрид.

Турнирот, во организација на КК „Колибри“ од Охрид и со поддршка на Општина Охрид, ќе собере екипи во категории играчи до 11, до 13 и до 15 години, а младите кошаркари ќе имаат можност да ги покажат своите способности во четиридневна спортска програма.

Посебно внимание привлекува учеството на втората екипа на турскиот кошаркарски клуб „Анадолу Ефес“, како и на грчкиот „АИАС Евосму“ од Солун, што дополнително го потврдува меѓународниот карактер на турнирот.

Во рамки на турнирот ќе се одржи и панел-дискусија посветена на работата со најмладите кошаркари и нивната физичка подготовка. Предавач ќе биде Марко Рајовиќ, директор за спортски перформанси во Кошаркарскиот сојуз на Црна Гора.

Според организаторите, „Ohrid Hoops 2026“ покрај спортскиот натпреварувачки аспект, има за цел да поттикне дружење, размена на искуства и градење нови пријателства меѓу младите спортисти од регионот.

Сите натпревари ќе бидат пренесувани во живо преку Интернет. 

Ad
Ad