Connect with us

Општини

Утврдена нова изменета проекција на буџетот на Општина Битола за 2026 година

Министерството за финансии овозможи проширена буџетска рамка од 47,6 милиони денари и заедно со приходите од самофинансирачки активности, дотации и донации, вкупниот буџет на Општината Битола ќе изнесува 3,2 милијарди денари, истакна градоначалникот Тони Коњановски на денешната седница на Советот на Општина Битола.

Според градоначалникот Коњановски, со новиот изменет буџет се овозможува понатамошна успешна реализација на сите планирани проекти и програми. 

– Од тоа што е посебно значајно сакам да истакнам дека со овој ребаланс се вршат измени во неколку програми меѓу кои Програмата за образование, каде се дообезбедуваат средства со цел понатамошно успешно функционирање на училиштата, Програмата за животна средина – каде планираме пет милиони денари за набавка на електрични велосипеди, што је потврдува нашата тенденција за Битола да стане вело град, преку создавање на вело инфраструктура, но и набавка на велосипеди кои ќе можат да ги користат граѓаните. Измени има Програмата за економски развој, каде меѓудругото внесуваме меѓународен проект за подобрување на квалитетот на водоснабдувањето, со посебен акцент на руралните места, а средствата ги зголемуваме и кај проектите за енергетска ефикасност, реконструкција на капацитети во енергетиката, истакна Коњановски.

Со измените и дополнувањата на општинскиот буџет, во Битола ќе се продолжи со одржување и заштита на локални патишта, улици и регулирање на режим на сообраќај, изградба и реконструкција на локални патишта и улици, изградба на системи за водоснабдување, како и изведба на системи за одведување и пречистување на отпадни води.

Ad
Ad