Connect with us

Општини

Шест нови возила за кумановската подружница на „Македонски пошти“

Подружницата на „Македонски пошти“ Куманово доби нови шест возила од дирекцијата. Генералниот дректор, Орхан Куртиши рече дека со примопредавање на новите возила се обновува возниот парк на поштенската подружница во Куманово.

– Досега подружницата располагаше со четири возила, а сега се обезбедени уште шест нови, со цел подобрување на ефикасноста и квалитетот на поштенските услуги – изјави Куртиши.

Од менаџментот посочија дека со оваа инвестиција се очекува поефикасно функционирање на теренските активности и подобро одговарање на потребите на корисниците.

– Куманово подолг период беше запоставено без значајни вложувања во овој сегмент. Наскоро ќе ја обновиме и самата подружница – додаде директорот. 

Како што најави, се очекува  по завршувањето на работите објектот треба да стане еден од најмодерните во државата.

Владата преку Министерството за транспорт во април, годинава  реализираше набавка на 100 нови возила за потребите на „Пошта“. 

Ad
Ad