Општини
Со велосипедска дружба на најмладите, во Кочани беше пуштен во употреба Детскиот велодром
Во присуство на градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов денеска беше промовиран преуредениот парк во велодром во населбата Калиманова Глава во Кочани.
Градоначалникот Грозданов упати голема благодарност до Стопанска банка за донацијата, ажурноста во изведбата и резултатот од неа.
– Во најавениот рок за изградба добивме прекрасен простор за забава и рекреација на најмладите, по европски стандарди, со модерен лик, со вертикална и хоризонтална сигнализација. Направени се сите технички и структурни промени на просторот за да можат децата да ги усовршуваат велосипедските вештини – истакна градоначалникот Грозданов.
На настанот беше организирана наградна игра за децата што учествуваа во промоцијата на велодромот.
јуни 13, 2026

