Општини
Во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната година 2025/2026 година
Во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната 2025/2026 година, информира Министерството за социјална политика, демографија и млади.
Исплатата на додатокот за образование, како што посочуваат оттаму, се врши во четири мерни периоди, и тоа: за првиот мерен период во текот на месец декември во тековната календарска година; за вториот мерен период во текот на месец февруари во наредната календарска година; за третиот мерен период во текот на месец мај во тековната календарска година; и за четвртиот мерен период исплатата се врши во текот на месец јули во тековната календарска година.
јуни 12, 2026


