Connect with us

Општини

Земјотрес со јачина од 3 степени почувствуван во Охридско-струшкиот Регион

Земјотрес со јачина од 3,0 степени според Рихтеровата скала утринава е почувствуван во југозападниот дел на земјата – информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Според податоците на Опсерваторијата, земјотресот е регистриран во 5.36 часот, а неговиот епицентар потекнува од епицентралното подрачје Пештани – Охрид – Струга.

– Земјотресот е почувствуван од жителите на Охрид и Струга со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала – наведуваат од Сеизмолошката опсерваторија.

Од таму апелираат до граѓаните, доколку го почувствувале земјотресот, да придонесат во сеизмолошките истражувања со пополнување на прашалникот за почувствуваност достапен на веб-страницата на Сеизмолошката опсерваторија или да се јават на бројот 112.

Ad
Ad