Кошарка
Димитријевиќ кариерата ја продолжува во Арис
Македонскиот плејмејкер Ненад Димитријевиќ својата кариера ќе ја продолжи во грчки Арис од Солун. Според информациите од грчките медиуми се очекува играчот и клубот наскоро да постигнат договор.
Од вчера на клупата на оваа екипа е грчката кошаркарска легенда Василис Спанулис, а воедно Димитријевиќ беше првиот избор на тренерот за новата сезона.
Оваа сезона македонскиот кошаркарски интернационалец ќе ја заврши во Баерн, кај Светислав Пешиќ и во Евролигата имаше просек од 11 поени и 4,1 асистенција по натпревар со процент на шут за три поени од 44%.
Димитријевиќ досега во својата кариера има настапувано за Хувентуд, Валенсија, УКИКС, Милано и Зенит.
Следната сезона екипата на Арис преку Еврокупот избори настап во Евролигата.
јуни 6, 2026


