Connect with us

Кошарка

Њујорк го победи Сан Антонио во вториот натпревар од финалето на НБА

Њујорк ноќеска го победи Сан Антонио во вториот натпревар од финалето на НБА со 105:104. Натпреварот се одигра во „Фрост Бенк Центер“ во Сан Антонио.

Најефикасен на натпреварот беше центарот на Спарс, Виктор Вембањама со 29 поени, но и тоа не беше доволно домаќините да го избегнат поразот.

Во гостинската екипа се истакна Ентони Таунс со дабл-дабл ефект – 21 поен и 13 скока.

Резултатот во серијата прв до четири победи сега е 2:0. Третиот натпревар ќе се игра во „Медисон Сквер Гарден“ во Њујорк на 9 јуни. 

Ad
Ad