Connect with us

Свет

Џо Бајден нападнат во текот на ненајавена посета на Даблин

Поранешниот американски претседател Џо Бајден беше нападнат и гаѓан со предмети за време на ненајавена посета на ирскиот главен град Даблин, а според ирските и британските медиуми, за нападот се уапсени две лица.

Бајден (83) отпатува во Даблин со сопругата за да присуствува на церемонија во колеџот „Тринити“, каде што син му Хантер Бајден беше награден со златен медал за „извонреден придонес во јавната дебата“, објавува „Ајриш тајмс“.

Поранешниот американски претседател седеше во првиот ред од свечената сала за време на церемонијата на доделување награди.

Неговото пристигнување беше ненајавено, но публиката, штом го забележа, реагирашсо громогласен аплауз.

Во текот на разговорот со публиката по говорот, Хантер Бајден го опиша израелското бомбардирање на Појасот Газа како „масовно убивање“ велејќи дека она што се случува во Газа е сосема погрешно и неоправдано. Тој исто така го бранеше својот татко велејќи дека донел најдобри одлуки врз основа на информациите што ги имал во тоа време.

По церемонијата, семејството Бајден беше пречекано пред колеџот од пропалестински демонстранти, кои протестираа против поддршката на поранешниот американски претседател за Израел за време на неговиот мандат. Некои демонстранти фрлаа неидентификувани предмети кон Бајден, а полицијата интервенира со солзавец и уапси две лица, јавуваат британските медиуми. 

Ad
Ad