Connect with us

Свет

Ким Џонг-ун ги повика воените старешини да ја унапредат борбената подготвеност на единиците

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ги повика командантите на четите да ја интензивираат обуката и да ја подобрат борбената готовност, нарекувајќи ја нивна „примарна револуционерна задача“, објавија денеска државните медиуми.

„Примарната револуционерна задача на командантите на четите е да ги завршат борбените подготовки на своите единици за да бидат целосно подготвени за војна, а начинот да се постигне ова е радикално подобрување на напорната и интензивна обука“, објави севернокорејската државна агенција КЦНА, додавајќи дека тој ова фо изјавил вчера, за време на фотосесија со учесниците на Третиот состанок на командантите на четите на Корејската народна армија.

Според извештаите, Ким Џонг Ун истакнал дека тие треба да ја докажат својата лојалност и лидерски вештини со тоа што ќе успеат да ги претворат своите единици во „сили во кои еден војник вреди колку сто други и кои се карактеризираат со цврста револуционерна вера, патриотски дух, неспоредлива херојска храброст и борбена ефикасност“.

Ad
Ad