Свет
Маж од Илиноис е обвинет за испраќање заканувачки писма до американски конгресмени
Против маж од сојузната држава Илиноис денеска се подигнати обвиненија за испраќање заканувачки писма до најмалку четворица американски конгресмени, при што поштенските пликови содржеле бела прашкаста материја во гранули, за која се утврдило дека е безбедна за здравјето.
ФБИ соопшти дека мажот, идентификува како Метју Џи. Англсби признал дека ги испратил писмата, кажувајќи им на федералните службеници дека го сторил тоа откако прочитал за други сомнителни писма испратени до државни изборни службеници и канцеларии на конгресмени во пресрет на меѓуизборите во САД на 3 ноември.
Обвинетиот изјавил дека нема никаква врска со претходно испратените писма. Неговиот адвокат засега не е достапен за коментар.
октомври 27, 2026


