Забава
Во Виетнам уапсени 12 лица поради продажба на мачки за месо
„Полицијата во виетнамскиот град Хо Ши Мин уапсила 12 мажи осомничени за кражба на околу 2.700 мачки за месо“, објавија виетнамските државни медиуми.
Во рацијата бил идентификуван 39-годишниот Луу Тан Бин, како наводен водач на групата. Против него и уште 11 лица е започната истрага.Според првичните информации, тој купувал украдени мачки, а потоа ги препродавал за месо. Во соработка со добавувачи и други лица, од 23 часот до 4 часот наутро со мотоцикли шетале низ населбите барајќи жртви. Предвидена бројка за една вечер им била меѓу четири и десет мачки.
Консумирањето кучешко и мачешко месо е нормално речиси низ цела Азија. Во Виетнам почесто се консумира во северниот дел на земјата, особено меѓу постарите генерации. Но, со тек на времето оваа традиција полека изумира кај младите генерации кои овие животни ги чуваат како домашни миленици.
По ова, во 2024 година во Виетнам, над 250.000 луѓе потпишале петиција со која се бара прекин на продажба на месото.
Осомничените ја признале вината за стореното дело, за кое временскиот период засега останува во тајност.
октомври 7, 2026
