Свет
Телеграф: Русин осомничен за нападот со дрон на аеродромот во Лајпциг
Рускиот мотоциклист Олег Левушкин, кој има врски со шефот на московската служба за саботажи, Денис Смолјанинов, е осомничен за вмешаност во инцидентот што се случи на аеродромот во Лајпциг, објави денеска британски Телеграф.
Доверливи разузнавачки документи од Германија, Литванија и Полска, како и интервјуа со високи западни разузнавачки претставници, покажуваат дека Левушкин и неговиот помошник отпатувале во Германија за да ја извршат саботажата, тврдат медиумите.
Германските истражители се сомневаат дека Левушкин го планирал нападот, а потоа му наредил на соучесникот Андреј Каршако од Белорусија да ги спроведе неговите планови.
Русинот ова лето отпатувал во Германија преку Турција со цел да го подготви нападот на аеродромот Лајпциг-Хале, се наведува во извештаите на германското разузнавање.
Истражителите велат дека Левушкин изнајмил автомобил на аеродромот во Берлин една недела пред нападот и го возел на неколку сомнителни локации во текот на следните неколку дена.
Пред обидот за напад, тој наводно бил на обиколка на аеродромот во Лајпциг на 31 јули.
Пет дена подоцна, дрон полн со експлозив го погоди крилото на паркиран украински товарен авион Антонов Ан-124, пред да падне на пистата без да детонира.
Дронот со експлозивна направа беше откриен во август на аеродромот Лајпциг/Хале во источна Германија, во близина на украински товарни авиони.
Германија ја обвини Русија дека стои зад инцидентот, што руските власти го негираа
октомври 3, 2026
