Свет
Финската влада и министерот за одбрана преживеаја две гласања за недоверба по скандалот околу посетата на Израел
Финската влада и министерот за одбрана Анти Хакинен преживеаја две одделни барања за недоверба во парламентот, што беа предизвикани од посетата на министерот на Израел, која беше жестоко критикувана од опозициските партии, објавиха француските медиуми.
Финската Социјалдемократска партија (ФСП) поднесе барање за недоверба против десничарската влада, која ја обвинува за недостаток на конзистентност во нејзината политика кон Блискиот Исток.
Одделно барање за недоверба, поднесено од Зелените и поддржано од Левичарскиот сојуз и ФСП, беше насочено против самиот министер за одбрана.
Хакинен го доби гласањето за недоверба во парламентот со 114 гласа „против“ и 61 глас „за“, додека владата беше поддржана со 93 гласа „против“ и 62 гласови „за“.
Критиките следеа по посетата на Хакинен на Либан и Израел минатиот месец.
Во Израел, тој се сретна со својот колега Израел Кац за да разговараат особено за купувањето воена опрема од еврејската држава, вклучувајќи го и системот за ракетна одбрана „Давидова прачка“. Двете земји потпишаа договор за купување на овој систем во ноември 2023 година.
Опозициските партии, исто така, го критикуваа Хакинен за тоа што не се сретнал со палестинските претставници.
„Сè уште е тешко да се процени дали министерот Хакинен се осврнал на кршењата на меѓународното право извршени од Израел“ против палестинското население за време на неговата посета, беше наведено во соопштението на ФСДП објавено минатата недела.
Од своја страна, финскиот министер за одбрана ја бранеше посетата, за која рече дека била неопходна за безбедноста на Финска.
октомври 3, 2026
