Connect with us

Хроника

Ужас во Тетово: Маж силувал малолетно дете, излегло и видео

Шеесет и двегодишник од тетовско село бил лишен од слобода поради сомнение за силување дете, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.

– Синоќа во 21:45 часот, по претходно објавено видео на социјалните мрежи, во полициската станица – Тетово, сам се пријавил Р.Н., на возраст од 62 години од тетовско село. По насоки на јавен обвинител од ОЈО – Тетово, лицето е лишено од слобода поради основано сомнение за сторено кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“ по член 188 од Кривичниот законик. Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и целосно расчистување и документирање случајот – додадоа од МВР.

Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и целосно расчистување и документирање на случајот.