Вести
Почина 13-годишното дете прободено со нож во срцето во тепачка во Чаир
Почина 13-годишното дете кое пред три недели со ладно оружје беше прободено во срцето за време на физичка пресметка на улицата „Македонско-косовска бригада“ во општината Чаир, потврдија за МИА од Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ) при ТОАРИЛУЦ.
Повреденото дете е примено на КАРИЛ ноќта на 31 август во животозагрозувачка состојба. По три недели борба за живот, детето почина во текот на вчерашниот ден. По службена должност телото е дадено на обдукција, информираат од КАРИЛ.
септември 24, 2026
