Connect with us

Хроника

На скопскиот аеродром приведено лице за издржување затворска казна

На граничниот премин Меѓународен аеродром – Скопје, на влез во државата, вчера во 12:30 часот, полициски службеници го лишиле од слобода И.Ч., 29-годишник од гостиварско, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.

За лицето била распишана судска наредба за издржување затворска казна во времетраење од две години за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.

– И.Ч. е спроведен во Казнено – поправната установа „Затвор – Скопје“ за издржување на казната – додадоа од МВР.