Connect with us

Вести

Мерџаноски: Кога здравјето на пациентот е загрозено, не постојат ниту работно време ниту викенд

Денес, во сабота, заедно со тим од Клиниката за ТОАРИЛУЦ, директорот д-р Мерџаноски замина во болницата „Борка Талески“ во Прилеп, за итно оперативно лекување на пациент со повреда на ’рбетот, кај кого започнале невролошки испади на долните екстремитети

– Вчера доцна навечер директорот на болницата „Борка Талески“, д-р Кире Јоноски, нè информираше за влошувањето на состојбата. Веднаш ја започнавме потребната организација за пациентот навремено да ја добие неопходната специјализирана помош. Како директор на ТОАРИЛУЦ, трауматолог и спинален хирург, заедно со анестезиологот д-р Александар Димитроски и нашиот тим, ќе направиме сè што е во наша моќ за да го спасиме пациентот и да спречиме понатамошно невролошко оштетување, напиша Мерџаноски на својот Фејзбук профил

Ова е вистинската смисла на дисперзираната здравствена услуга – стручниот тим да стигне до пациентот таму каде што е најпотребен, дури и во најитните случаи, без оглед на денот, времето или местото.