Вести
Превозниците нема да протестираат в понеделник, ќе се бара решение со ЕУ
Здружението „Макам-транс“ информира дека најавениот протест на превозниците од четирите држави на Западен Балкан, закажан за 14 септември 2026 година, нема да се реализира. Одлуката е донесена по средбата со претставници на дел од земјите членки на Шенген зоната, преку Мисијата на Европската Унија во Белград.
Според соопштението, превозниците се договориле да не ги затвораат граничните премини кон Европската Унија, со цел да покажат добра волја и да избегнат нарушување на синџирот на снабдување со стоки. Оваа одлука доаѓа како резултат на даденото ветување дека ќе се забрза процесот за изнаоѓање решенија за престојот на професионалните возачи во Шенген зоната кој надминува 90 дена во период од 180 дена, сè до усвојувањето на новата визна стратегија во втората половина на 2027 година.
Од „Макам-транс“ потврдуваат дека сите претходни подготовки за протестот се ставени вон сила на одреден период, додека институциите работат на надминување на проблемите на транспортерите.
септември 11, 2026
