Connect with us

Вести

МЕРМС: Над 500 семејства добија ваучери за инвертер клими – објавени списоците, еве како да се искористи поддршката

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги објавува списоците на добитници на финансиска поддршка за набавка и вградување на инвертер клима уреди, во рамки на Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2026 година.

За двете опфатени категории се доделени над 500 потврди-ваучери, со кои на домаќинствата што ги исполнуваат условите им се овозможува поддршка за набавка и монтажа на инвертер клима уред.

Поддршката е наменета за:

Реклама
· домаќинства со едно или повеќе лица корисници на надоместок заради попреченост, согласно член 44 од Законот за социјалната заштита;

· домаќинства со едно или повеќе деца со попреченост, корисници на посебен додаток до 26 години.

На следните ЛИНКОВИ се Објавени списоците на добитници:

Добитници на финансиска поддршка за ранливи потрошувачи на енергија за 2026 година, согласно програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2026 година, преку доделување на потврда-ваучер за купување и вградување на инвертер клима уред · https://energy.gov.mk/mk-MK/odnosi-so-javnost/rezultati-i-spisoci/spisoci-na-dobitnici-na-finansiska-poddrska-za-ranlivi-potrosuvaci-na-energija-za-2026-godina-naslov-za-2-ta-spisoci

Добитниците имаат уште еден важен чекор – да го реализираат ваучерот до 15 октомври

Министерството ги повикува сите добитници навремено да го реализираат стекнатото право. Постапката е едноставна и се одвива во неколку чекори:

Чекор 1: Проверете ја вашата е-пошта

Доколку сте на објавената листа на добитници, проверете ја е-mail адресата што е наведена во вашиот кориснички профил. На истата ќе ги добиете следните документи:

· Решение за стекнато право на потврда-ваучер;

· Записник/прашалник кој треба да се пополни по извршената монтажа на инвертер клима уредот;

· Баркод или QR-код за идентификација на потврда-ваучерот.

Чекор 2: Испечатете ги документите

По приемот на документите на вашата е-пошта, задолжително испечатете ги:

· Решението за стекнато право;

· Записникот/прашалникот.

Исто така, потребно е да го имате достапен баркодот или QR-кодот што ќе ви биде доставен во електронската порака.

Чекор 3: Изберете правно лице

Со испечатените документи и баркодот/QR-кодот посетете едно од избраните правни лица кои имаат склучено договор со МЕРМС за реализација на мерката.

Список на правни лица со кои МЕРМС склуило договор за реализација на мерката: https://portal.mdt.gov.mk/post-body-files/rezultati-i-spisoci-file-VBTe.pdf

Чекор 4: Извршување на набавка и монтажа

Избраното правно лице ќе ја спроведе постапката за набавка и монтажа на инвертер клима уредот согласно условите од Програмата.

Чекор 5: Пополнување на записникот/прашалникот

По завршување на монтажата, потребно е да се пополни доставениот записник/прашалник согласно дадените насоки.

Важно

Краен рок за искористување на потврда-ваучерите е 15 октомври 2026 година.

По истекот на овој рок, ваучерите нема да можат да се користат.

Во случај на недоставен или погрешно доставен документ, како и за други прашања поврзани со реализацијата на ваучерот, добитниците можат да се обратат во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини: Е-пошта: ranlivipotrosuvaci@energy.gov.mk Телефон: 071 320 384

Министерството ги повикува добитниците да не го оставаат искористувањето на ваучерот за последен момент, туку навремено да ја започнат постапката за набавка и монтажа на инвертер клима уредот.