Connect with us

Општини

Нов паркинг во поранешната битолска касарна

Со асфалтирање Општина Битола ја заврши изградбата на нов паркинг простор лоциран во пранешната битолска касарна.

Станува збор за нова паркинг површина од 1.550 квадратни метри, проект финансиран од вториот владин повик преку Министерството за транспорт во кој освен паркинг изградени се нов коловоз, атмосферска канализација и осветлување.

Вредноста на проектот изнесува 6,2 милиони денари, информираа од Општина Битола чии тимови работаат и на други локации за обезбедување повеќе паркинг места во градот.