Connect with us

Фудбал

Гарсија и Паласиос од Реал во Фулам

Напаѓачот Гонзало Гарсија и фудбалерот од средниот ред Сезар Паласиос ги напуштија редовите на Реал Мадрид и обајцата потпишаа петгодишни договори со Фулам, објави денеска премиерлигашот од Лондон.

Дваесетиедногодишниот Паласиос и една година повозрасниот Гарсија во Фулам повторно ќе соработуваат со Алваро Арбелоа кој ги тренираше во младинските категории на Реал, пред да седне на клупата на мадридскиот гигант во јануари, а во новата сезона ќе го предводи лондонскиот клуб.

Гарсија постигна 13 голови на 51 натпревар за Реал со кој ја освои Лигата на шампиони и шпанското првенство во 2024 година. Финансиските детали од неговиот трансфер не се објавени, но според британските медиуми лондонскиот клуб платил обесштетување од околу 34 милиони фунти.

Паласиос, исто така, потпиша договор до јуни 2031 година, со можност за продолжување на соработката за уште една година. Според медиумските извештаи вредноста на овој трансфер изнесува околу 8,5 милиони фунти.

Фулам ја почнува новата сезона во Премиер лигата на домашен терен против градскиот ривал Челзи на 24 август.